Настани

18 јуни, 2018

И „Фанк шуи“ на „Скопје колинг 2018“

…на 22 јуни, заедно со „Морчиба“ и „Нувел ваг“

Фуриозниот скопски бенд „Фанк шуи“ ќе ја отвори петочната вечер на Скопје колинг 2018, на 22 јуни, односно вториот ден на најголемиот фестивал ова лето во Скопје, кој ќе се одржи на Стадионот на АРМ, соопштија од „Авалон“. Најновите ексклузивци на оваа продукција, кои пред два месеца го промовираа новиот албум „Импулс“, на „Скопје колинг“ сцената ќе ја поделат со трип-хоп легендите „Морчиба“ и француската атракција „Нувел ваг“.

Бидејќи истата вечер во градскиот парк ќе има и друг бесплатен настан, „Авалон“ одлучи програмата да започне подоцна, така што настапот на „Фанк шуи“ е закажан во 22.15 часот, „Морчиба“ ќе ја преземат сцената во 23.30, а „Нувел ваг“ ќе ги слушаме од 1.15 до 2.30 часот по полноќ.

Билетите и блок-билетите за сите четири фестивалски денови се во продажба на avalon.mk, „Купи карти за сè“ и „Југотон“.

И FUNK SHUI на SKOPJE CALLING заедно со МORCHEEBA и NOUVELLE VAGUE- 22 ЈУНИ, ПЕТОК!Задоволство ни е да ви најавиме…

Gepostet von Avalon Produkcija am Sonntag, 17. Juni 2018

 

Меѓу досега закажаните настапи на триото е и оној во Битола, кој ќе се одржи на 28 јуни на Широк сокак, во рамките на 17. издание на фестивалот „Битола отворен град“.



Врати се горе ↑