Свет mm

6 септември, 2014

И Еминем влезе во Гинисовата книга на рекорди

Американскиот рапер Маршал Метерс, познат како Еминем, се најде во најновото издание на „Гинисовата книга на рекорди“ како сопственик на хит сингл кој содржи најголем број зборови. Раперот, чиј осми студиски албум „MMLP 2“ беше претставен кон крајот на минатата година, во неговата песна „Rap God“ со суперсонична брзина успеа да изрецитира 1 560 зборови за време од 6 минути и 4 секунди, односно 4,28 збора во секунда, а во дел од песната дури и 97 зборови во 15 секунди (6,46 во секунда)!

 

Во „Гинисовата книга на рекорди 2015“, која се очекува следната недела, се најдоа и музички имиња како што се Уан Дајрекшн, Мајли Сајрус, Кејти Пери, Шакира, Металика и други. Петте момчиња од Велика Британија поставија нов рекорд за група чии први три албуми дебитираа на првото место на Билбордовата албумска листа, Мајли Сајрус е најпребаруваната личност на Гугл, додека Кејти Пери има најмногу следбеници на Твитер, а Шакира на Фејсбук. Легендарниот бенд Металика, пак, стана првиот рок бенд кој настапил на сите седум континенти, благодарение на минатогодишниот концерт на Антарктикот, одржан на 8 декември.

 

 



Врати се горе ↑