Настани

19 март, 2018

И Џекс Џонс доаѓа на „Охрид колинг 2018“

Покрај веќе најавените главни ѕвезди на годинашното издание на фестивалот „Охрид колинг 2018“, Димитри Вегас и Лајк Мајк, со кои посетителите ќе се забавуваат на 1 август, и Армин ван Бјурен, кој ја презема сцената на 4 август, на стадионот „Билјанини извори“ ќе настапи и светската ѕвезда Џекс Џонс.

 

Џекс Џонс (Jax Jones) со светска слава се стекна благодарение на синглот „You Don`t Know Me“, кој се најде на врвот на сите топ-листи и за кратко стана и огромен клубски хит. На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп-сензација Деми Ловато, а моментално е актуелен со „Breathe“, која ја освојува светската музичка сцена.

 

Неговиот настап во Охрид е закажан за вечерта на Илинден, односно на 2 август, а организаторите од „Авалон продукција“ одлучија да овозможат и бесплатен влез за посетителите кои ќе набават блок-влезници за двата фестивалски денови (1 и 4 август). Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на „Охрид колинг“, а немаат набавено блок-влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од:

500 денари ПАРТЕР
700 денари ФАН ПИТ

Влезниците за Џекс Џонс се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн на www.kupikartizase.com.

 



Врати се горе ↑