Свет jay-z-1

9 јуни, 2013

И Џеј Зи работи на нов музички сервис

Како што пренесува магазинот New York Post, Џеј Зи и компанијата Samsung Mobile, која во моментов доминира на глобалниот пазар за мобилни телефони, започнаа заеднички проект вреден 20 милиони долари. Во рамките на овој проект, хип-хоп могулот ќе развие нов музички сервис за апаратите на Samsung, со „специфична намера да се промовираат изведувачите на неговата етикета Roc Nation“, во која покрај Џеј Зи се и Џеј Кол, Шугабејбс, Рита Ора, Калвин Харис и Алексис Џордан.

Со овој потег Џеј Зи ќе им конкурира на колегите и колешките кои во изминатиот период започнаа слични проекти – Алиша Киз неодамна стана креативна директорка на компанијата BlackBerry од која може да се очекува сличен потфат, а во втората половина од годинава се очекува и лансирањето на музичкиот сервис Daisy, позади кој ќе застане најплатениот музичар според минатогодишното истражување на магазинот ФорбсД-р Дре, заедно со неговиот соработник Џими Ајовин.

 



Врати се горе ↑