Настани

30 октомври, 2018

И „Дубиоза колектив“ на јубилејниот „Таксират“

Популарниот балкански бенд „Дубиоза колектив“ е најновото име на списокот со изведувачи на главната вечер од јубилејното 20. издание на фестивалот „Таксират“, кое ќе се одржи на 8 декември во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Јубилејната 20-ка не смее да помине без едни од најверните другари на #Таксират собрани во најпопуларниот балкански…

Gepostet von Taksirat Festival am Montag, 29. Oktober 2018

 

Озлогласениот лидер во борбата за социјални промени и бендот од Балканот со најголем светски успех, комплетно менаџиран токму од „Пасворд продукција“, скопскиот концерт го вметна во веќе набиената агенда со настапи ширум Европа, во чии рамки се и претстојните 10 концерти во Велика Британија.

🔥 TRAP DA FUCK UP на Taksirat Festival #20 🔥За 4 часа журка, денс стејџот во арена „Борис Трајковски“ го препуштаме на #TDFU екипа! Bring the heat!Во сабота, 8-ми декември 🙌 главна вечер на #Таксират20

Gepostet von Taksirat Festival am Sonntag, 28. Oktober 2018

 

Покрај веќе најавените „Мандо диао“ (Шведска), „Терапи“ (Северна Ирска), „Нувел ваг“ (Франција), Разел (САД) и нашите „Смат“, на големата роденденска забава на „Таксират“ ќе настапи и екипата „Трап да фак ап“, а повеќе изведувачи се очекуваат наскоро.

Влезниците за сите настани на јубилејниот „Таксират #20“ се веќе пуштени во продажба преку МК Тикетс и на taksirat.mk.



Врати се горе ↑