Аудио c-idc

1 октомври, 2014

„I Don’t Care“ е новиот сингл на Шерил (Кол)

По летниот хит Crazy Stupid Love“, поранешната членка на „Грлс алауд“, Шерил (Кол) деновиве го претстави својот нов сингл насловен „I Don’t Care“, со кој го најавува нејзиниот четврти по ред студиски албум насловен „Only Human“. Пејачката, чие презиме од неодамна е Фернандез-Версини, па настапува само како Шерил, во моментов е актуелна и со улогата на судија и ментор во британскиот музички натпревар „X Фактор“, заедно со „озлогласениот“ Сајмон Кауел, поранешната членка на „Спајс грлс“, Мелани Би и познариот музички менаџер Луи Волш.

„I Don’t Care“ Шерил ја опишува како „многу забавна поп песна“, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑