16 март, 2015

И Давид Бизбал би останал без зборови од изведбата на Трајче

Момчето со кое се гордее цела Македонија, малиот Трајче Георгиев уште еднаш го остави бев зборови жирито на „Пинковите ѕвездички“, каде што во петтиот круг од натпреварот настапи со прекрасната балада Esta ausencia“ од шпанскиот заводник Давид Бизбал. Познатиот пејач, кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот вокал во Шпанија, сигурно би останал без зборови кога би ја слушнал прекрасната изведба на Трајче, кој ја отпеа оваа песна како шпанскиот да му е мајчин јазик. Како изгледаше сето тоа погледнете горе.

Дека Трајче го освои целиот Балкан докажува и фактот што младиот пејач беше поканет да биде специјален гостин на белградскиот концерт на хрватската ѕвезда Тони Цетински: „Петок 13-ти, најсреќен ден во мојот живот, имав преголема чест да присуствувам на концерт на еден од најдобрите пејачи на Балканот. Благодарам Тони Цетински на поканата и убавата вечер што ми ја приредивте“, напиша Трајче на својата фан страница на Фејсбук, објавувајќи снимка од заедничката изведба на темата „Од милијун жена“.

И.Ј.

 



Врати се горе ↑