Видео 100 Kila-Slatkaristika

5 декември, 2012

И бугарските рапери му симнуваат капа на Слаткаристика!

Знаеме дека Слаткаристика има фанови и од регионот, доказ се и стотината бугарски државјани кои дојдоа на неговиот концерт одржан пред месец дена.  Но, не само тие му даваат почит на нашиот најдобар рапер!

Деновиве на ЈуТјуб каналот покажа Респект кон него и најпопуларниот рап артист од Бугарија – 100 Кила.  Истиот ги руши рекордите на гледаност во својата земја и има видео спотови за неговите песни кои се прегледувани и преку 7 милиони пати.  Имено, артистот инспириран од песната на Слаткаристика „Ме боли к*р”, издаде песна со стиховите од нашиот рапер и воедно јавно му се заблагодари на новиот видео запис!

Спотот на 100 Кила можете да го прегледате во продолжение, 1 на 2:25 сек. ќе видите испишано “Хвала Слаткаристика”. Може да се видат и коментарите на истото видео каде многу љубители на оваа музика пишуваат се најдобро за нашиот Слаткаристика и го поздравуваат потегот на нивниот 100 Кила. Иако жаргонското „Фала” го испишале погрешно, сепак респектот е за поздрав!  Во иднина можеби и ќе следува соработка помеѓу овие двајца соседни рапери.

 



Врати се горе ↑