Балкан elitsa-stoyan-e1362309414920

12 март, 2013

И Бугарија ја заменува песната за Евровизија

БНТ, Бугарската национална телевизија објавила дека евровизиски претставници Елица Тодорова и Стојан Јанкулов одлучиле да ја заменат песната „Кисмет“ со песната „Само шампиони“. Нашиот источен сосед ја одбираше евровизиската песна на 3-ти март. Двете песни добиле ист број на гласови, „Кисмет“ победила според гласовите на публиката (што ја носи дефинитивната одлука во случај на ист број на гласови).

Елица и Стојан веќе ја претставуваа Бугарија во 2007 година, а за овогодинешното учество изјавиле дека се многу благодарни и почестени што БНТ повторно им ја дала довербата да ги бранат боите на својата земја. Во продолжение преслушајте ја песната „Само шампиони“, со која дуото ќе настапи на евровизиската сцена во Малме.

Извор: esctoday.com

 

 



Врати се горе ↑