Балкан list_640px

14 декември, 2012

И Босна и Херцеговина се откажа од Евросонг

Како што пишува порталот Klix.ba, за кој шефицата на делегацијата на БиХ за Евросонг, Лејла А. Бабовиќ ја потврдила оваа вест, Босна и Херцеговина нема да има свој претставник на Евровизија во Шведска, следната 2013 година. Причина за оваа одлука е тешката економска ситуација во која се наоѓа БХРТ, но и целата земја.

„На сите им е јасно дека економската ситуација е многу тешка и дека имаме сè повеќе луѓе кои немаат што да јадат. Затоа одлучивме дека би било паметно оваа година да го прескокнеме учеството на Евросонг и средствата кои би ги потрошиле за тоа, да ги вложиме во нешто друго“ – изјавила Бабовиќ за Klix.ba.

Босна и Херцеговина е уште една во низата на земји кои се откажаа од Евросонг 2013. Претходно тоа го направија Грција, Португалија, Полска и Словачка.

Во продолжение да се потсетиме на одличниот настап на Маја Сар со „Кораке ти знам“, која годинава во Баку ја претставуваше нејзината земја.

Извор: klix.ba



Врати се горе ↑