Свет 4447

30 март, 2016

И Биги постхумно „ќе настапи“ како холограм

Дека со денешната технологија ништо не е невозможно докажува и фактот што ѕвездите кои не се меѓу нас, повторно можат да настапуваат за своите обожаватели, но во форма на холограм. После историските настапи на Тупак на фестивалот „Коачела“ во 2012 година и на Мајкл Џексон на Билбордовите музички награди во 2014, следниот постхумен настап ќе го има легендарниот рапер Ноториус Би-ај-џи, познат и како Биги.

Имено, вдовицата на починатиот рапер, Фејт Еванс, планира да создаде холографска слика од својот сопруг која ќе го изведува „The King and I“, албум кој се состои од нивни дуети.

feb

„Работиме на развивање на холограм, но не знам точно како ќе настапувам со него. Но, сакам да дебитира во првото видео за албумот, а можеби и да го искористиме за настапи во живо“, изјавила Еванс за „Дејм деш рејдио шоу“ (Dame Dash Radio Show), пренесува „Гардијан“.

„Да беше жив денес, знам дека ќе направеше нешто вакво. Но, начинот на кој се поклопија нештата и начинот на кој го користам неговиот вокал му дава нов живот на албумот, сосема е поразлично“, додава Еванс, која во чест на својот сопруг, после неговата смрт во 1997 година, со Паф Деди ја сними „I’ll Be Missing You“.

По холограмскиот настап на Мајкл Џексон во 2014 година, се шпекулираше дека наскоро ќе видиме слични настапи, па дури и цели концертни турнеи и на други починати ѕвезди како што се Фреди Меркјури, Елвис Пресли, Френк Синатра и други. Сега на ред е Биги, а по него… кој знае?

 



Врати се горе ↑