Свет BSB

7 ноември, 2012

И Бекстрит Бојс се враќаат со нов албум

Најпродаваниот бој бенд во историјата со тираж од преку 130 милиони продадени примероци од своите албуми ширум светот, Бекстрит Бојс го најавуваат нивното враќање на музичката сцена во 2013 година со нов албум кој ќе го наследи оној од 2009 „This Is Us“ (покрај заедничката песна со Њу кидс он д блок „Don’t Turn Out The Lights“ од минатата година), а за фановите го понудија празничниот подарок – песната „It’s Christmas Time Again“.

Екипата од Флорида составена од Кевин Ричардсон, Ник Картер, Хауард Дороу, Брајан Литрел и ЕјЏеј Меклин, денеска во позрели години за разлика од периодот на нивното повеќекратно пластинесто деби издание во 1996 година, не беше во право која изјави дека сакаат да бидат првите кои ќе понудат празнична нумера за годинава, бидејќи тоа веќе го направија Кристина Агилера со Сило Грин, Крис Ман, дури и ветераните Џон Траволта и Оливија Њутон-Џон, како и групата Фан. Празничната сезона се наближува, а вие преслушајте го новиот празничен сингл на Бекстрит Бојс „It’s Christmas Time Again“.

 



Врати се горе ↑