Настани 1045234_10201507287512865_2111721562_n

26 јуни, 2013

Хуманитарна забава за Марга со ѕвездите од „Сите наши песни“

Марга Велеска е 26 годишна девојка која боледува од церебрална парализа. За да се подобри нејзината здравствена состојба потребен ѝ е третман со пресадување на матични клетки во Русија. Пресадувањето чини 21.000 евра. Затоа, во организација и идеја на Фросе Левковска, на 3-ти јули (среда) во летниот клуб „Парадизо“со почеток во 23:30 часот започнува хуманитарна забава за Марга. Истата вечер ќе имате можност да се дружите со ѕвездите на шоуто „Сите наши песни“:

– Марија Петковска 
– Марио Арангеловски
– Катерина Ѓорѓиевска 
– Ивона Јовановић 
– Владимир Пасинечки 
– Мартин Данчев
– Кристина Костовска
– Стефан Давидовски
– Мартинијан Кириловски

Но тоа не е сè! Вечерта ќе биде збогатена и со караоке шоу со познатиот Димитар Атанасовски и бендот FILL THE BLANK!

* Влез : со симболична цена од 100 денари кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели, а тоа е помош за Марга. Со ваша и наша помош до НОВ ЖИВОТ за МАРГА !!!

 



Врати се горе ↑