Настани 1781269_10203006333300031_1948512590_o

12 февруари, 2014

Хуманитарна забава во XO за болниците од Клиничкиот Центар

ХО клуб во соработка со Сојузот на студенти по медицина на Македонија, заедно со студентскиот парламент на Медицински Факултет и студентскиот парламент на УКИМ за утревечер (четврток, 13-ти февруари) најавуваат хуманитарна забава за болничките одделенија при клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.

Присутните на забавата, со секоја купена карта ќе донираат 50 денари со цел собирање парични средства што ќе бидат употребени за снабдување на одредени болнички одделенија со нови перници, ќебиња, чаршафи и други материјали што се потребни за подобра нега и грижа на пациентите.

Менаџерскиот тим на ХО клуб најавува одржување на  вакви хуманитарни забави секој прв четврток во месецот. Утревечер, забавата ќе започне во 23 часот, а влезниците преку кои ќе се донира за болниците ќе чинат 50 денари.



Врати се горе ↑