Настани 1780621_676920602354211_1597618643_n

25 февруари, 2014

Хуманитарна забава на Црвен крст и учениците од СГГУ „Здравко Цветковски”

Во рамките на ПХВ програмата (Промоција на Хумани Вредности) Општинската организација на Црвен Крст Карпoш во соработка со учениците од СГГУ „Здравко Цветковски“ Ве поканува на хуманитарна забава со намера да Ве оттргне од дневните преокупации. „Да докажеме дека можеме да помогнеме некому, Ве очекуваме да ја дадете вашата поддршка со вашето присуство“ – порачуваат организаторите.

Што се однесува до забавата, ветуваат прекрасна забава за која ќе се погрижат:
✔DJ NASTY
✔СТЕФАН ДАВИДОВСКИ(x-factor)
✔МАРТИН БУЦО(BeatBox)
✔ТИМОТ ОД ГУЦ

Влезот е 50 денари, а за повеќе информации и резервации обратете се кај: ☎078 254 433-Ален

„Истовремено сакаме да искажеме голема благодарност до Студио 54 што ни овозможи реализација на оваа забава и ни го отстапи за петочната забава.

** Собраните средства ќе бидат наменети за две социјално загрозени семејства кои се во навистина лоша состојба**

Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) програмата, која претставува Национална алатка за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, изминатата година одбележа 16 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија. Во проектот вклучени се сите 34 Општински организации на Црвен крст во нашата земја, како и во градската организација на Црвен крст на град Скопје, преку кои се регрутираат млади волонтери на Црвениот крст на возраст од 14 до 18 години, кои добиваат соодветна обука за дисеминација, за културата на дијалог како основен предулсов на градење на интеркултурно општество, препознавање на потребите на заедницата и изработка на хуманитарен проект. Минатата година беа изработени рекордни 202 проекти за добробит на заедницата преку кои беа помогнати преку 3000 лица. Ова година програмата е поддржана од CIRa во рамките на програмата Civica Mobilitas.“ – пишува во соопштението за овој настан.



Врати се горе ↑