Македонија ddnd10

26 октомври, 2012

Хуманитарна забава на Бојан Стојков за Јована Ѓоргиев

Сабота (27.10) во кафе барот Famous во Битола ќе се одржи хуманитарна забава за помош на малата Јована Ѓоргиев, каде што ќе настапи битолчанецот Бојан Стојков. Цената на влезницата ќе биде со симболична цена од 50 денари.

Малото девојче од Битола има само една година и осум месеци, не може да оди и да зборува, а  дијагностицирана ѝ е церебрална парализа и редок епилепсичен синдром (West Syndrome). Нападите се резистентни на терапија и не можат да се лечат во Македонија, затоа ѝ е потребно итно лекување во Истанбул, Турција за кое родителите немаат доволно средства.

Секој хуман човек кој сака да ѝ помогне на малата Јована, може да направи донација на следната жиро сметка:

Јована Ѓоргиев
Тутунска Банка
210 700000 6021 18
Донација за лекување

Телефон за контакт: 077 523 727 – Ана



Врати се горе ↑