Настани f2f

23 декември, 2016

Хуманитарна забава: Friends 2 Friends

Во понеделник, 26 декември, во 21 часот во клубот „Маракана“ ќе се одржи хуманитарен мини-фестивал со цел да се соберат средства за музичарите чија опрема изгоре во пожарот во „Макотекс“ пред неколку дена. Неофицијално, материјалната штета е проценета некаде околу 20.000 евра, а нематеријалната е бесценета.

На настанот ќе настапат: „Кабадајас“, „Барбарела“, „Нокаут“, „Поинт бленк“, „Блек енд вајс соушл клаб“ (The Black & Vice Social Club), „Армадило“, „Флукс“, а веројатно листата ќе продолжи да расте деновиве. Цената на картата е 200 денари на самиот влез. Целата собрана сума од влезници ќе се донира на бендовите. Дополнителни донации на трансакциската сметка се повеќе од добредојдени.

Трансакциска сметка:
Здружение Профицио
210068459910167
Цел на дознака: Friends 2 Friends иницијатива

poster



Врати се горе ↑