За Вас

12 март, 2019

Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром на 24 март во Скопје

Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ оваа година по третпат ќе ја организира Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром. Истата ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје во недела, 24 март, со почеток во 11 часот.

Хуманитарната трка за деца со Даунов синдром се одржува по повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром. Сите средства собрани од котизациите ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даун.

За зголемување на поддршката се повикуваат сите да го проследат настанот на фан-страницата на ФејсбукЗа купување на котизации треба да се посети www.smartrace.club.



Врати се горе ↑