Настани

25 октомври, 2018

Хуманитарен настан за Сара во Зоолошката градина во Скопје

Во сабота во Зоолошката градина во Скопје ќе се одржи хуманитарен настан за малата Сара Настеска од Охрид. Од 12.00-15.00 часот посетителите ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизниевите ликови Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара, на која итно ѝ е потребна трансплантација на коскена срж.

Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани. Да се обединиме сите за Сара!



Врати се горе ↑