Настани musicforchanges

7 мај, 2015

Хуманитарен настан за помош на две македонски сиромашни семејства‏

На 8 мај 2015 (петок), четврти пат по ред се организира хуманитарниот концерт „Музика за општествени промени, не за профит“, во клубот „Блок“, во Т.Ц. „Мавровка“ од 21.00 часот. Оваа година ќе настапуваат следните уметници: диџеј Гоце Саф, Елинел, Иги Ман, „Фулиш грин“, Амон Мра и Лаура Крлиу.

Желбата да се помогне на луѓе кои се во тешка финансиска состојба зближи една група на млади луѓе кои заедно со О.О. Црвен Крст Чаир го организираат овој хуманитарен концерт. Идејата е музиката да не се користи само за личен профит, туку да се користи за да се поттикнат позитивни промени во општеството. Концертот исто така ќе ги зближи младите од различни националности за една заедничка цел: да се помогне на семејството Иванови и семејството Османи.

Низ хуманитарниот концерт, во кој ќе настапуваат  уметници од домашната сцена но и надвор од Македонија, ќе се соберат финансиски средства кои потоа ќе бидат донирани на сиромашните семејства.

Концертот го организираат група на млади луѓе по своја лична иницијатива и веќе четврти пат ќе помогнат на сиромашни семејства кои живеат во тешки финансиски и животни услови.



Врати се горе ↑