Концерт koncert-petrusevski

10 ноември, 2013

Хуманитарен концерт за семејниот дом на Петрушевски

Обединети и хумани, од прв до последен, целата македонска естрада и актерска екипа хуманитарно ќе настапува на концертниот проект на Весна Петрушевска, на кој сите собрани парични средства од продажбата на картите ќе бидат наменети за изградба на семејниот дом на Петрушевски.

Калиопи, Каролина Гочева, Тијана, Бени Нон Стоп, Нокаут, Биба Додева, Тавитијан Брадерс, Тамара, ДНК, Елена Ристевска, Димитар Андоновски, Јоце Панов, Кристина Арнаудова, Маја Вукичевиќ, Дарко Илиевски, Магдалена Лазаревска се дел од имињата кој без размислување кимнаа со главата за помош на опожареното семејство Петрушевски.

Како неизбежен дел од програмата на сцената на Универзалната Сала ќе се појават колегите на Весна, кои добија исклучителна наредба од Бејби да го водат својот стенд ап во насока на тема „Пожар“. Маестралната четворка формирана од Сашко Коцев, Тони Михајловски, Никола Тодороски и Весна Петрушевска за која е замислен настап од 30-тина минути, навистина е доволна за секој да тргне по својот билет во ТА Савана.

„Она што јас можам да го гарантирам е дека секој оној кој ќе направи голем човечки потег и го купи навреме својот билет нема нималку да зажали. Впрочем секој „човек“ присутен на овој спектакл фузиран од музика и смеа ќе биде двојно задоволен вечерта на 11-ти ноември… најпрво задоволен од програмата и смеата, потоа задоволен за самореализацијата на своето поле наречено хуманост“ – вели Весна.

Македонци, не двоумете се да одберете забава и хуманост во вака добро спакуван пакет. Купете ги билетите уште веднаш  во туристичката агенција Савана на ул. Орце Николов бр.20 по цена од 500 денари и бидете дел од проектот на Бејби за докажување на македонската хуманост.

Сите оние кои пак се спречени да бидат дел од  хуманитарниот концерт, а имаат желба за помош на опожареното семејство можат да се вклучат со симболична парична помош на следнава сметка:
Слободанка Петрушевска
број на сметка 300007000419226
партија 00419236
Комерцијална банка

Стартот на концертот е утревечер, 11.11.2013 година со почеток од 20:00 часот во Универзална Сала. Водител на манифестацијата е Ана Шутиноска, верна пријателка на Бејби.



Врати се горе ↑