Концерт 17264152_1514308658603248_1933649279109564174_n

18 март, 2017

Хуманитарен концерт „Тинејџ рајот“ на 12 април во МКЦ

Група ученици од Меѓународното училиште НОВА ќе организираат хуманитарен концерт насловен „Тинејџ рајот“ (Teenage Riot) за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“, кој ќе се одржи на 12 април, со почеток од 19 часот, во денсинг-салата на Младинскиот културен центар во Скопје. Хуманитарниот концерт е дел од проектот „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“, кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште НОВА.

На овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови „Ареа“, „Пи-ем-џи колектив“, „Милко“, „Фанк шуи“, „Кара“ и „Линколн летер“. Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака“ заедно со бендот „Фанк шуи“. Цената на еден билет ќе чини 250 денари, а собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“.  

17264880_1514426741924773_2458343964200705442_n

Инаку, програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1.200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работат со младинците.

Имплементацијата на програмата „Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Оваа програма се реализира во соработка со учениците од Меѓународното училиште НОВА, кои реализираат повеќе проекти за помош на заедницата со цел да се помогне на одредени социјално загрозени или маргинализирани групи во општеството.



Врати се горе ↑