Балкан marijan-monic

21 ноември, 2013

Хрватскиот музичар Маријан Мониќ го освојува светот

Откако од одредени медиуми го прогласија за наследник на Тоше Проески, талентот на младиот хрватски музичар Маријан Мониќ е признат и надвор од Хрватска. Секојдневно пристигнуваат бројни пофалби за неговата последна песна „Ако ти ме заволиш“.

Лондонскиот „Croation Times“ беше меѓу првите медиуми кои го препознаа талентот на младиот пејач. Потоа следеа останатите светски телевизии како што се Балканика, CNRTV Нов Зеланд, Австралија. За него пишуваа и многубројни медиуми надвор од границите на Хрватска (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Австралија), а неговата музика се емитува на многубројни радио станици надвор од родната земја.

„Многу сум задоволен од успехот кој песната „Ако ти ме заволиш“ го постигна и надвор од границите на Хрватска, особено затоа што песната не е препеана на англиски јазик“ – изјавил Маријан Мониќ.

 

 



Врати се горе ↑