Балкан nk

30 март, 2016

Хрватската евровизиска песна е плагијат?

И покрај тоа што по пауза од неколку години, Хрватска со нови сили реши да се врати на евровизиската сцена, нивната песна „Lighthouse“ ја тресат скандали уште од самиот почеток. Откако здружението на хрватски композитори го искажа своето незадоволство што Нина Краљиќ ќе пее песна од странски автори, сега на повидок е уште еден скандал.

Имено, бројни медиуми во земјата-домаќин, Шведска, обвинуваат дека хрватската песна е всушност плагијат, односно дека е многу слична на хитот „Uncover“ од шведската ѕвезда Зара Ларсон, а некои од порталите порачуваат Хрватска да се повлече од натпреварот. Сепак, крајниот збор ќе го даде избирачкото тело на „Евровизија“.

 

 



Врати се горе ↑