Балкан gibonni

7 јануари, 2013

Хрватска клапа на Евросонг 2013 ќе пее песна од Џибони

Откако ХРТ во ноември минатат година го објави конкурсот за избор на песна исклучително само за музички состав од шест од музичари – клапа, каква што ќе ја претставува Хрватска на 58-мото издание на Евросонг кое годинава ќе се одржи во Малме, Шведска, конкурирале околу шеесет композиции. Која од познатите хрватски клапи ќе ја претстави оваа земја во мај, за сега не е познато.

Конкурсот е затворен и сега сè е во рацете на тричленото жири составено од Никша Братош, Анте Пецотиќ и Велимир Ѓуретиќ, кои ќе ја изберат најдобрата песна, како и уште две резервни, пишува Вечерњи Лист. Јавната телевизија оваа година регрутирала две лица од доверба, од кои едниот ќе ја избере песната, а другиот изведувачот. „Сè уште не сме ги отвориле сите пристигнати пријави, што значи дека песната со која ќе отпатуваме во Шведска не е избрана“ – изјавил Велимир Ѓуретиќ за Вечерњи Лист, а други извори тврдат поинаку.

Вечерњи Лист дознава дека композицијата е избрана, а музиката и текстот ги потпишува Златан Стипишиќ Џибони. Токму заради тоа што сплитскиот музичар се пријавил како автор на песна, Џибони не е дел од жирито кое одлучува за изборот на песна, бидејќи така налагаат правилата. Како и да е, конечната одлука ќе биде обелоденета најдоцна до март, кога треба да се знаат сите претставници и песни кои годинава ќе ги видиме и чуеме во Малме.



Врати се горе ↑