Балкан 531708_379177402136458_1945556982_n

19 декември, 2012

Хрватите Хладно Пиво предгрупа на Грин Деј

Хрватскиот панк рок бенд Хладно Пиво и официјално ќе биде предгрупа на Грин Деј на нивниот настап во Белград. Нивните концерти се дел од неколкудневниот фестивал „Белград колинг“ кој ќе се одржи во мај наредната година. Организаторот „Авалон продукција“, пред неколку дена го најави двочасовниот спектакл со главните ѕвезди на фестивалот, Грин Деј. Хрватите ќе ја загреваат публиката со 90 минутно шоу, пред настапот на калифорнискиот состав.

„Луѓе, што да се каже. Големо, големо и големо задоволство е да се подели сцената со толку голем светски бенд. Ве поканувам сите да дојдете на 27-ми мај на Калемегдан, да се забавуваме заедно“ – порача фронтменот, Миле Кекин.

Ова е втор по ред „Calling“ фестивал. Влезниците се пуштени во продажба уште од денес.

 



Врати се горе ↑