Настани ImageProxy (1)

29 мај, 2014

Хртс на главната бина на Егзит!

Еден од најдобрите концертни состави, магнетичните Хртс (Hurts), ќе настапат на главната бина на EXIT фестивал во недела, 13 јули и заедно со групата Суед (Suede) ќе приредат совршена неделна вечер на Петроварадинската тврдина. Публиката на EXIT може да очекува незаборавен концерт бидејќи Hurts својот култен статус го заслужи токму со своите фестивалски настапи, па така, меѓу другото, беа изгласани и за група со најдобар концерт на славните Гластонбери и Ти ин д Парк (Т In The Park) фестивали и тоа пред ЈуТу, Колдплеј, Арктик Манкис, Бијонсе и многу други.

Нивните концерти познати се по единствената аудио-визуелна естетика проткаена со хитовите кои ги освоија светските топ листи, како што се Wonderful LifeMiracleSomebody To Die ForStay, Sunday. Вниманието на светските медиуми го привлекоа и со дуетот со поп дивата Кајли Миног (Devotion), како и најпопуларната обработка на нејзиниот хит Confide in Me. Хртс станаа посебен феномен во современата култура бидејќи ги избришаа границите поставени од музичките жанрови, создавајќи своја единствена стилска фузија, па покрај поп рок публиката ја освоија и електронската сцена соработувајќи со Калвин Харис и хитот Under Control.

 

Хртс светската популарност ја постигнаа уште со својот прв албум „Happiness“ од 2010 година, кој беше високо позициониран на топ листите на најдобри албуми во Велика Британија, Германија, Австрија, Швајцарија, Полска, Финска, како и во земјите од нашиот регион. Водечкиот сингл на албумот, Wonderful Life, стана еден од најпопуларните синглови на радио станиците ширум светот, достигнувајќи 20 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот на бендот.

Набргу следуваа и многубројните музички награди и номинации, меѓу кои се и NME наградите за најдобар нов бенд и најдобро видео („Sunday’“), Virgin наградата за најдобар состав, MTV, ECHO, BAMBI наградите и многу други.

Во 2013 излезе новиот албум „Exile“ кој влезе во топ 10 листите ширум земјината топка. Албумот за членовите на бендот претставува ‘нов облик на храброст’: „Сè што отсекогаш сме сакале е да имаме храброст, да ризикуваме… Првиот албум се косеше со сè што тогаш беше популарно во музиката. Поради тоа звучевме толку единствено во однос на другите. Сегамеѓутоа, луѓето знаат како звучат Хртс и не можеме повеќе така да работиме. Моравме да се промениме. А со тој албум тоа и го сторивме.

Домашната публика ќе има можност за прв пат во живо да ги чуе хитовите „Miracle“ и „Somebody to Die For“ токму на EXIT на 13 јули на Петроварадинската тврдина.

 



Врати се горе ↑