17 декември, 2012

Хртс го најавија новиот албум со „The Road“

Деновиве дуото составено од Тео Хачкрафт и Адам Андерсон, Хртс (Hurts) минатата недела го најавија новиот втор по ред студиски албум, кој ќе го наследи успешниот деби албум „Happiness“ од 2010 година, а ќе го носи насловот „Exile“. Датумот за негово издавање е 11-ти март следната година, а како најавен спот и сингл е „мрачниот“ видео запис за песната „The Road“. Во продолжение погледнете го најновото од Хртс.

Извор: idolator/mtv

 



Врати се горе ↑