Видео 1378897_10201403887992085_1369315262_n

25 декември, 2013

Христијан Ви ги честита празниците со „Jingle Bell Rock“

На адресата на РадиоМк пристигна уште една празнична честитка, која ни доаѓа од градот на конзулите. Станува збор за младиот битолчанец Христијан Спировски, роден на 24-ти ноември 1987 година во Мелбурн, Австралија. Спировски потекнува од музичко семејство, а со музика се занимана од 7-годишна возраст. Неговите почетоци се токму во Битола на детскиот фестивал СИ-ДО, каде што до израз доаѓа неговиот музички талент. Публиката го памети и како еден од учесниците на детскиот серијал „Пулси Квиз Шоу” на Македонската Телевизија, во 1999 година, учествувал и на детските фестивали „СИ-ДО“, „Мал Конзул“, „Тра-ла-ла“, а бележи и бројни настапи на локалните телевизии во Битола, како и во останатите градови од Македонија (Скопје, Охрид, Струга, Ресен и Прилеп).

„Jingle Bell Rock“ е еден од најпознатите празнични хитови кој во далечната 1958 година го претстави американскиот кантри музичар Боби Хелмс, а авторски го потпишуваат Џозеф Карлтон Бил и Џејмс Рос Бут. Како звучи верзијата на Христијан можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑