Аудио Hk dolazi sunce

25 јуни, 2014

Храбриот Кројач со новиот сингл порачува: „Доаѓа сонцето“

Белградскиот квартет Храбриот кројач го објави својот нов сингл со оптимистички наслов „Долази сунце“: „И луѓето и месечината и ѕвездите и земјата и дрвјата, големи и мали, и ѕверките и домашните животни и приците и влечугите и пчелите и бумбарите и мравките и штурците и гасениците, и реките и езерата и морињата, ех тие мориња исполнети со неоткриени видови на живот. И над сето тоа, најсилниот сјај кој управува со денот и загрева и со својата топлина се грижи за сите, а со својата светлина украсува и разубавува сè… Сонцето. Да сонцето. Инспирирани од сонцето, сакаме сите да уживаме во него, бидејќи после сè тоа ни е најпотребно на сите“, велат Јања, Бојан, Горан и Дејан од Храбриот Кројач по повод новиот сингл, тврдејќи: „Доаѓа сонцето!“

Како и сите претходни, така и оваа песна е снимена во студиото Дигимедија, а продукцијата и миксот ги потпишува Борис Младеновиќ. Во подготовка е и видео запис кој ќе ја здогледа светлината на денот во наредните денови. Како звучи новиот сингл на Храбриот Кројач можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑