Аудио hrabri krojac

26 ноември, 2013

Храбриот кројач шири љубов: Слушнете ја „Волим“

Српскиот состав Храбриот кројач, кој е активен од 2011 година, деновиве го објави својот нов сингл со кој го најавува деби албумот „Долази сунце“, закажан за следната година. Песната „Волим“ е втор сингл на оваа белградска група составена од Јања Франета (вокал), Горан Младеновиќ (бас гитара), Дејан Јовановиќ (тапани) и Бојан Марјановиќ (гитара). Продуцент на песните на Храбриот кројач, кои се снимени во студиото Дигимедиа, е Борис Младеновиќ, кој соработувал со голем број афирмирани изведувачи.

„Потребата да сакаме и да бидеме сакани е најсилна човечка потреба, без оглед каде живееме, на кој народ му припаѓаме или со што се занимаваме, тоа е потреба која нè создава и нè прави здрави. Храбриот кројач Ви посакува да сакате и да бидете сакани, без граници, без предрасуди, секогаш и без престанување, особено кога сенката на омразата се заканува да нè оттргне од патот на љубовта.“ – порачуваат членовите на бендот чија цел е кај публиката да будат само позитивни емоции.

Како звучи „Волим“, можете да слушнете во продолжение.



Врати се горе ↑