Аудио HK1

16 јануари, 2014

Храбриот Кројач порачува: „Отвори очи“

Белградската четворка собрана под името Храбриот кројач, која себеси си зададе мисија да шири позитивни емоции, деновиве го објави својот нов сингл. Станува збор за песната насловена „Отвори очи“, која е трет сингл од нивниот претстоен прв авторски албум, чие објавување е планирано за на пролет.

„Да се западне во бесчувствителност е исто како да се биде мртов. Да се биде слеп со умот е исто како да не се гледа со телесните очи. Ладни и бесчувствителни, лишени од секоја сила со која делува животот, слепите со умот пак остануваат без боженствената светлина која прави да се види и да се биде виден. Отвори ги моите очи и ќе ги видам чудата на законот твој, не ги сокривај од мене твоите убавини, за сите нас прекрасно створени.“ – проповеднички изјави Горан Младеновиќ, член на групата Храбриот Кројач.

 



Врати се горе ↑