15 февруари, 2016

Хозиер со хуманитарен сингл за кампања против домашното насилство

Популарниот ирски музичар, кој се прослави со хитот „Take Me To Church“, Хозиер деновиве го објави својот нов сингл насловен „Cherry Wine“, а сите собрани средства од продажбата ќе бидат наменети за повеќе меѓународни хуманитарни организации што се борат против домашното насилство. Во видео записот за оваа песна, главните улоги ги играат ирските актери Сурша Ронан и Мо Данфорд, а го режираше ирската режисерка Дирбла Волш. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑