Свет hzr

5 октомври, 2015

Хозиер ја украл „Take Me To Church“!?

Канадскиот музичар Чили Гонзалес минатата недела се најде на насловните страници благодарение на изјавата дека огромниот хит на Хозиер – „Take Me To Church е всушност плагијат на песната „How Come You Never Go There?“ од пејачката Фајст (Feist). Сега менаџерката на Хозиер, Керолајн Дауни ги отфрла овие изјави и тврди дека се „неосновани“, а за ирското издание на „Сандеј тајмс“ потврдила дека ќе бидат преземени и законски мерки.

Имено, Чили го открил музичкиот стил кој стои зад „Take Me To Church“, објаснувајќи дека песната е допадлива бидејќи, за разлика од поголемиот дел модерни поп песни, напишана е во 3/4 такт како „хип-хоп валцер“. Потоа сепак малку ја „променил песната“, додавајќи дека тие „бавни и фини акорди“ му звучат познато, а потоа го отсвирел почетокот на песната „How Come You Never Go There?“.

„Дали го слушате тоа? Тоа е речиси истата песна. Мислам, тоа е луда случајност мојата добра пријателка и музичка помлада сестра Фајст со својата песна да има иста идеја и да ги користи истите ноти како Хозиер. Мислам, какви се шансите двајца луѓе… а да, ми рекоа дека верзијата на Фајст излезе година дена пред онаа на Хозиер. Тоа не е добро, нели? Можеби Фајст би требало да го тужи“, рекол Гонзалес.

 

 



Врати се горе ↑