17 јуни, 2016

Хозиер ја претстави песната „Better Love“ за филмот „Легендата за Тарзан“

Популарниот ирски музичар Хозиер ја претстави песната насловена „Better Love“, која е снимена за потребите на претстојниот филм „Легендата за Тарзан“. Песната стигна заедно со видео запис во кој се прикажани повеќе сцени од самиот филм додека Хозиер пее и свири на клавир, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Новиот филм за Тарзан, чија премиера е закажана за 1 јули, е во режија на Дејвид Јејтс и по сценарио на Едгар Рајс Бароус, а улогите ги играат Александар Скарсгард, Марго Роби, Семјуел Л. Џексон, Џимон Хунсу и двократниот добитник на Оскар, Кристоф Волц.



Врати се горе ↑