3 март, 2015

Хозиер го претстави видео записот за „Someone New“

Младиот ирски музичар, којшто се прослави со хитот „Take Me To Church“, Хозиер сними видео запис за уште една нумера од своето деби издание „Hozier“, објавено во октомври минатата година. Станува збор за екранизацијата на темата „Someone New“, во која главната улога ја игра Натали Дормер. Убавата актерка на сите им е позната од популарната серија „Игри на тронови“, како и по улогата во последното продолжение од филмскиот серијал „Игри на глад“.

По „Take Me To Church“ и From Eden“, „Someone New“ е третата екранизирана песна од првенчето на 24-годишниот музичар, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑