Балкан spek-Cecin-apartman

8 ноември, 2012

Хотелски апартман именуван по Цеца

Менаџментот на хотелот „Рамада“ од Будимпешта именувал еден од своите ВИП апартмани по најголемата српска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатовиќ. Пејачката на почетокот на есента со нејзиниот син Вељко и ќерката Анастасија претстојувала за викенд во овој хотел, и додека нејзините деца уживале во лудориите на еден од најголемите аква-паркови во Европа, фолк дивата своето време го поминувала во спа центарот на хотелот. Менаџментот на „Рамада“ минатата недела повторно ја покани Цеца да гостува кај нив, но овој пат во нејзин апартман кој ќе и биде на располагање кога ќе посака.

Портпаролот на хотелот, Зита Овари изјавила дека е точно тоа што Цеца ќе има свој апартман на располагање во секое време и дека ѕвездата им е една од омилените гости.  Покрај Ражњатовиќ, во овој хотел апартмани имаат и Енрике Иглесијас и други светски ѕвезди. Пејачката не го крие задоволството од тоа што апартманот ќе го носи нејзиното име. Таа изјавила дека е воодушевена од хотелот кој се наоѓа на неколку часа од Белград и дека може да им парира на најдобрите светски хотели.

Извор и фотографија: novosti.rs



Врати се горе ↑