Аудио dm-hn

9 јули, 2014

„Хотел Национал“ е новиот албум на Дино Мерлин

Познатиот босански музичар Дино Мерлин во јуни годинава го претстави својот единаесетти студиски албум насловен „Хотел Национал“. Најавен со темата „Ружа“, албумот содржи 11, односно 12 песни вклучувајќи го и ремиксот на насловната тема, а материјалот се снимаше во текот на изминатите шест години и тоа во повеќе градови како што се Сараево, Загреб, Истанбул, Берлин, Виена, Лондон, Стокхолм, Њујорк и Лос Анџелес. Извршен продуцент на албумот е самиот Мерлин, а како соработници се потпишаа англиските продуценти Јоад Ниво (Пет Шоп Бојс, Брајан Адамс, Шугабејбс) и Ричард Најлс (Пол Макартни, Реј Чарлс, Тина Тарнер, Шер), младиот талентиран англиски композитор и продуцент Арон Мекинтош, шведските џезери Маркос Убеда и Гунар Норден, загребските продуценти Бејби Дукс, Звонимир Дуспер и Енес Твртковиќ, како и екипата од Сараево, Махир Сарихоџиќ, Махир Битхаус и многу други.

 

Со новото издание, 51-годишниот музичар забележа уште еден успех и тоа на Билбордовата листа за најдобри албуми во светот, каде во втората недела од издавањето се искачи на 8 место. Со овој успех Мерлин стана и првиот музичар од Босна и Херцеговина чиј албум се најде на која било листа на светски познатиот Билборд.

Како втор сингл беше претставена темата „Школка“, во која придружните вокали ги пее неговата помлада колешка Маја Сар, а како звучи таа и уште неколку други песни од новото издание, можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑