Балкан

19 декември, 2017

Хорот „Вива вокс“ ја претстави својата „Војна на ѕвездите“

По повод премиерата на најновото продолжение од култниот филм „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, кое деновиве ги полни кино-салите ширум светот, популарниот српски хор „Вива вокс“ одлучи да направи своја војна на гласовите, изведувајќи микс од песните од саундтракот на филмот. Аранжманот го направи Борис Балуновиќ, миксот и мастерингот се на Миќун Јауковиќ, а за видеото во режија на Јелена Митровиќ се погрижи продукцијата „Ред енд блу“.

„Од а-капела галаксијата ви носиме музички спектакл! Ви ги претставуваме џедаите, Дарт Вејдер, принцезата Леа и Ар-ту-ди-ту во борбата на гласовите која ќе ве остави без здив“, порачаа од хорот, а сето тоа под диригентската палка на Јасмина Лорин ве очекува во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑