1 октомври, 2016

Хорот „Св. Злата Мегленска“ со одлична изведба на „Amazing Grace“

Сите што имале можност да ги слушнат во живо изведбите на женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, ќе се согласат дека да се слушаат овие талентирани дами е вистинско уживање. Освен во Македонија, хорот бележи успеси и ширум светот, а доказ за тоа е и последното од низата награди и признанија – три златни медали и титулата светски шампион во категоријата женски камерни хорови на престижните „Светски хорски игри“.

Вистинско уживање претставува и ова ново видео, во кое златните грла под диригентската палка на Летка Димовска Полизова, ја пеат познатата „Amazing Grace“, христијанска химна што датира од далечната 1779 година, но со текот на времето стана неизоставен дел од популарната култура, особено во САД. Солистка е Елена Васова, а како звучи сето тоа можете да слушнете горе. Уживајте!

Видео: Јовица Андонов



Врати се горе ↑