Концерт zapro-zaprov-i-horot-mji

12 декември, 2012

Хорот „Рустико“ и Запро Запров со голем концерт

Хорското студио „Рустико“ и диригентот Запро Запров организираат голем концерт и изложба утре, на 13-ти декември, со почеток од 19:30 часот во Македонската опера и балет.  Големиот концерт е одбележување на неколку значајни јубилеи: 45 години – детски хор „Развигорче“, 40 години – „Женски младински хор“, 35 години – детски хор „Изворче“ и 40 години уметничка дејност на проф. Запро Запров.

На концертот ќе му претходи и ликовна изложба, на која ќе бидат презентирани дела од богатиот ликовен опус на маестро Запро Запров.



Врати се горе ↑