20 мај, 2014

Холограмски настап на Мајкл Џексон на Билбордовите музички награди 2014

На 18 мај во салата „Ем-џи-ем гранд гарден арена“ (MGM Grand Garden Arena) во Лас Вегас се одржа 22. доделување на Билбордовите музички награди во организација на престижниот магазин „Билборд“. Водител на церемонијата беше Лудакрис, а четвртата добитничка на наградата за животно дело „Icon Award“ и прва изведувачка која ја прими оваа награда е Џенифер Лопез. Во редовните категории годинава дефинитивно најголем победник е Џастин Тимберлејк, кој собра дури седум награди (вклучувајќи ги и Најдобар уметник, Најдобар уметник меѓу најдобрите 200 на Билборд и Најдобар албум меѓу најдобрите 200 на Билборд), а „Имеџин дрегонс“ отидоа дома со пет награди.

Манифестацијата ја одбележа магичниот настап на покојниот Крал на поп музиката, Мајкл Џексон, со холограмската изведба на песната „Slave To The Rhythm“, која се најде на неодамна објавениот постхумен албум „Xscape“. Како изгледаше овој спектакл можете да погледнете горе.

Меѓу останатите изведувачи кои настапија на манифестацијата се најдоа „Флејминг липс“, кои настапија заедно со Мајли Сајрус изведувајќи ја својата заедничка преработка на хитот Lucy in the Sky With Diamonds“ од легендарните „Битлси“, а за 28 октомври најавија и цел албум со обработки на песни од познатиот бенд од Ливерпул кој ќе го носи „ремикс“ насловoт „With a Little Help From My Fwends“. Новозеландската пејачка Лорд која ги овои наградите за Најдобар нов уметник и Најдобра рок песна за „Royals“, настапи со темата „Tennis Court“. Свои настапи имаа и Шакира, Џон Леџенд, „Уан рипаблик“, „Имеџин дрегонс“, Кери Андервуд и Миранда Ламберт, а Џеј Ло и Питбул ја изведоа официјалната химна за СП во фудбал. Настапите можете да ги погледнете овде, а добитниците во најважните категории на Билбордовите награди за годинава можете да го видите во продолжение.

  • Најдобар уметник
    Џастин Тимберлејк
  • Најдобар нов уметник
    Лорд
  • Најдобар машки изведувач
    Џастин Тимберлејк
  • Најдобар женски изведувач
    Kејти Пери
  • Најдобро дуо/група
    „Имеџин дрегонс“
  • Најдобар ар-ен-би уметник
    Џастин Тимберлејк
  • Најдобар рап уметник
    Еминем
  • Најдобар кантри уметник
    Лук Брајан
  • Најдобар рок уметник
    „Имеџин дрегонс“
  • Најдобар латино уметник
    Mарк Ентони
  • Најдобар уметник за денс/електроника
    „Дафт панк“
  • НАГРАДЕНИ АЛБУМИ
  • Најдобар албум од Билбордовата 200 листа
    Џастин Тимберлејк, „The 20/20 Experience
  • Најдобар ар-ен-би албум
    Џастин Тимберлејк, „The 20/20 Experience
  • Најдобар рап албум
    Еминем, „The Marshall Mathers LP 2
  • Најдобар кантри албум
    Лук Брајан,  „Crash My Party
  • Најдобар рок албум
    „Имеџин дрегонс“, „Night Visions”
  • Најдобар латино албум
    Mарк Ентони, „3.0″
  • Најдобар денс/електроника албум
    „Дафт панк“, „Random Access Memories”
  • НАГРАДЕНИ ПЕСНИ
  • Најдобра песна од „Хот 100“ листата
    Робин Тик со Фарел и Ти Ај, „Blurred Lines”
  • Најдобра дигитална песна
    Робин Тик со Фарел и Ти Ај, „Blurred Lines
  • Најдобра радиска песна
    Робин Тик со Фарел и Ти Ај,  „Blurred Lines”
  • Најпреслушувана песна (аудио)
    „Имеџин дрегонс“, „Radioactive”
  • Најпрегледувана песна (видео запис)
    Мајли Сајрус,  “Wrecking Ball”
  • Најдобра Р’н’Б песна
    Робин Тик со Фарел и Ти Ај, „Blurred Lines”
  • Најдобра рап песна
    Меклмор и Рајан Луис со Реј Далтон, „Can’t Hold Us”
  • Најдобра кантри песна
    „Флорида Џорџа лајн“ и Нели, „Cruise”
  • Најдобра рок песна
    Лорд, „Royals”
  • Најдобра латино песна
    Марк Ентони „Vivir Mi Vida”
  • Најдобра денс/електроника песна
    Авичи, „Wake Me Up!


Врати се горе ↑