Видео

12 октомври, 2018

Холивудско видео снимено во Колумбија: Тајзи го претстави „Пабло“!

2018 е можеби најуспешната година во кариерата на Тајзи, кој штотуку нè почести со уште еден потенцијален мегахит. Имено, по одличните „Моја живот, моја ствар“, дуетот со Лоба за „Каде сме“, како и летниот хит „Параноја“, популарниот кумановец го објави својот најнов сингл насловен „Пабло“, чие видео ветува да биде неговото најгледано досега.

Како и на повеќето негови песни, Драган Величковски – Тајзи и овој пат е потпишан на музиката и текстот, продуцент и аранжер на „Пабло“ е Александар Фјаза, кој е роден и живее во Шведска, додека миксот и мастерот се на Роберт Билбилов. Сето тоа го екранизираше режисерот Даниел Јовески, кој се погрижи „Пабло“ да добие вистинска холивудска авантура снимена токму во Колумбија!

Ова дело има една силна порака до системот,луѓето и општеството во кое што живееме.Човекот е алчен и го поминува животот…

Gepostet von Tyzee Tajzi am Mittwoch, 10. Oktober 2018

„Ова дело  има една силна порака за системот, луѓето и општеството во кое што живееме. Човекот е алчен и го поминува животот робувајќи за сè поголема доминација и моќ, за сè поголемо материјално богатство, додека секојдневно до себе гледа и гази луѓе кои се мачат како да се прехранат секој нареден ден. И така сите заедно сочинуваме општество на модерни робови предводени од некои Пабловци на кои ич не им е гајле за нас… Ироничен приказ на голема маса на народ што живее во заблуда. Желба за докажување, конкуренција, доминација, кокаин, моети, скапи брендови, црвени теписи, луксузни коли, испревртени вредности како и целиот бран од трендсетери, инфлуенсери, блогери, фејк-медиуми, сапуници, политики и ред други западњачки перални за мозок… Заедно со моите браќа Александар, Даниел, Роберт, ’Балкатон’, Кирил и целиот картел ви посакуваме да  уживате и да се посмеете во наредниве 4 минути и 20 секунди… па после уште еднаш и уште еднаш, се разбира“, изјави кумановецот кој во свој препознатлив стил, низ доза на иронија и хумор, секогаш успева да го исмее и опее сè она што се случува околу нас.

Како изгледа и звучи „Пабло“ дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑