25 октомври, 2013

Холивудски ѕвезди во новиот видео запис на Пол Макартни

Актерите Џони Деп, Мерил Стрип, Џереми Ајронс, Крис Пајн, Џуд Ло, Шон Пен, колегата Гери Барлоу, манекенката Кејт Мос и многу други познати лица се собраа во студиото во Еби Роуд, кадешто заедно го снимија новиот видео запис за темата „Queenie Eye“, која е втор сингл од новиот албум на познатиот британски музичар Пол Макартни. Поранешниот член на легендарните Битлси на 11-ти овој месец го претстави своето ново студиско издание насловено „New“, кое го најави со истоимениот сингл и кое е негов шеснаесетти албум со комплетно нов материјал.

Макартни и порано соработувал со познати холивудски актери кои се појавувале во неговите видео записи, како што беше случајот и со темата „My Valentine“, во чија визуализација учествуваа Џони Деп и Натали Портман, а како изгледа видео записот за новиот сингл инспириран од игра која го одбележала детството на Макартни во Ливерпул, можете да видите горе.



Врати се горе ↑