Македонија 600220_552252104816716_813451845_n

26 септември, 2013

Холанѓанецот Вил Нелеманс запеа и на македонски

Холандскиот музичар Вил Нелеманс кој отпеа песна за нашиот главен град, деновиве ја претстави својата нова песна која е отпеана на македонски јазик, уште еднаш докажувајќи ја својата љубов за нашата земја. Темата чија музика ја напишал самиот Нелеманс е насловена „Врати се“, а за текстот се погрижи нашата позната пејачка и текстописец Магдалена Цветкоска Ена, додека продукцијата ја потпишува Мартин Керкхофс оф Triple Moon Studios.

Прексрасната балада која можете да ја слушнете на овој линк, Вил ќе ја отпее на претстојниот фестивал за забавни мелодии Макфест 2013, кој годинава ќе се одржи на 11-ти и 12-ти октомври на добро познатата локација – Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

 


Врати се горе ↑