20 ноември, 2012

Хладно пиво објави спот за „Вистинскиот јас“

Хрватската панк рок група Хладно Пиво вчера го објави видео записот за нумерата „Право ја“. Песната е нов сингл од актуелниот албум „Свијет гламура“, а спотот е во режија на Горан Куленовиќ. За прокукцијата се погрижи Microfilm, монтажата ја направи Славен Јекауц, а снимател беше Горан Леговиќ. Покрај Хладно Пиво, во спотот се појауваат и Селма Терлевиќ и Ангело Јуркас. Песната е инспирирана од колумната на Анте Томиќ „Право ја – кључ у руке“.

 



Врати се горе ↑