Настани

27 декември, 2018

„Хитови од наше време“, забава со македонска музика

„Хитови од наше време“ е насловот на проектот кој има за цел да нè врати во златните времиња на македонската музика. Вечерва со почеток од 21.30 часот во „Нано бар“ во Скопје ќе се потсетиме на најголемите хитови на македонската естрада во времето кога македонската музика беше во експанзија.

Музиката на Ерзана, Врчак, „Нови дечки“, „Магија“, Александар Митевски, Маја Вукичевиќ, „Студени нозе“, Ребека, „Нулта позитив“, Ена Веко, Угро, „П.С.“, „Т.Н.Т“, Маријана и Росана и уште многу други македонски изведувачи ќе биде дел од репертоарот на „Хитови од наше време“.

Проектот ќе продолжи со низа забави на различни локации во Скопје и во идниот период.



Врати се горе ↑