Аудио jj

25 јули, 2014

Хитот „Escapade“ на Џенет Џексон доби ремикс верзија

Во далечната 1989 година, како трет сингл од албумот „Rhythm Nation 1814“, Џенет Џексон ја претстави темата „Escapade“, која забележа мошне голем успех задржувајќи се на првото место на Билбордовата листа три недели со ред. А сега, 15 години подоцна, диџеј Ник* од Чикаго направи интересна ремикс верзија на овој голем хит, кој можете да го слушнете во продолжение, а веднаш потоа и да се потсетите како звучеше оригиналната верзија од 1989 година.

Познатата пејачка го објави својот последен албум „Discipline“ во 2008 година, а наскоро се очекува и ново издание на кое неофицијално работат продуцентите Родни „Даркчајлд“ Џеркинс, Жан Батист и Бангладеш. 

 



Врати се горе ↑