Настани

14 март, 2019

Хип-хоп фестивал на „Егзит“ со Скепта, Дизајнер и повеќе од 70 изведувачи

После низата ударни гитарски бендови и најголеми ѕвезди на електронската музика, „Егзит“ ова лето ќе го собере и најголемото хип-хоп племе со доволно имиња да прогласи фестивал за овој музички жанр на тврдината од 4 до 7 јули! Оваа постава ќе ја предводи британскиот крал на римите, раперот и активист Скепта (Skepta), единствениот ем-си кој успеал лондонскиот уличен звук да го популаризира во Америка, што го потврди и со планетарниот мегахит Praise the Lord“, кој го сними со Ејсеп Роки (A$AP Rocky). Меѓу неговите обожаватели јавно се декларираат и голем број познати личности, како што се Мик Џегер, со кого сними заеднички сингл и Дрејк, кој ги истетовира иницијалите на издавачката куќа на Скепта – „Boy Better Know“! Повеќекратниот добитник на наградите „БРИТ“, „БЕТ“, „Меркјури“, „МОБО“ и „Ен-Ем-И“ исклучително го цени и Фарел Вилијамс, кој му го продуцираше хит албумот „Konnichiwa“, како и Наоми Кемпбел, со која беше во врска.

 

Од британскиот остров доаѓа и феноменалната „Ај-Ем-Ди-Ди-Би“ (IAMDDB), која моќниот „Би-би-си“ ја смести на листата на изведувачи чиј звук ја одбележа минатата година, додека нејзините трап-џез бенгери Shade“, „Drippyи „Kurr£ncy, денес се неизоставни на најдобрите хип-хоп и ар-ен-би журки. За големото неделно финале на главната бина ќе се погрижи беспрекорниот Дизајнер (Desiigner), творец на најзаразната хип-хоп песна во оваа деценија, Panda, која стигна на самиот врв на американските топ-листи и до денес изброја дури 1,3 милијарди прегледи на Јутјуб!

 

И оваа година, во духот на своето име, сите жанрови ќе ги помеша култната бина „Адико фјужн“, а на неа доаѓаат балканската рап-кралица Сајси Ем-Си (Sajsi MC) и неповторливото раперско трио „Бед копи“ (Bad Copy)! Своевидниот хип-хоп фестивал во фестивалот низ сите четири ноќи на „Егзит“ ќе се прошири и на бината „Кокта битс“, нова задолжителна дестинација за сите рап-фанови, која од оваа година ќе има само изведувачи од овој жанр! Нејзиниот ударен тим го предводат моментално најголемите регионални хип-хоп ѕвезди меѓу кои како претставници на македонската сцена ќе настапат Ајри Скреч и Шорти Пи (Irie Scratch & Shorty P), но и  Војко В и Крешо Бенгалка, популарните регионални состави „Aтлас еротика“, „Бекфлеш“, „Бунтаи“, „Хејз“, „Хај5“, „И.Н.Д.И.Г.О“, „Кранкшвестер“ и „30Зона“, но и новите таленти Клинац и Елон, чија ѕвездена кариера е и повеќе од извесна. Најголемиот генг на тврдината ќе ги собере и најпопуларните диџејски колективи и мајстори зад микс пултот, Ватра, Кејк Бојс (Cake Boys), ФАМ, Бајко Феликс, диџеј Лаки и диџеј Рокам, Палас (Palace), Траплес (Traples), Лука Браси, ПЛИЗ (PLYZ), Њу Вејв (New Wave), Ин Да Клаб (In Da Klub), Трепај или крепај, ВаскеЈунг Рош (Yung Rosh), Зимскии Лил Јунг (Lil Yung)!

Додека тогашната музичка индустрија му вртеше грб на уличниот феномен – грајм-музиката, Скепта стана најпознат претставник на овој стил, кој многумина го нарекуваат и новиот панк! Помина повеќе од деценија откако тој го залуди светот со карактеристичниот танц од спотот „Rolex Sweep, а оттогаш ги собра и престижните трофеи како што се наградите „Меркјури“, БРИТ, БЕТ, МОБО и „Ен-Ем-И“. Се најде и на влијателната листа на најдобро облечени познати личности на „Џи-Кју“ (GQ), а на насловната на ова списание минатата година беше со супермоделот и негова поранешна девојка, Наоми Кембел. Скепта без престан зборува за актуелната социо-политичка клима и жешката тема за расизам во светот, поради што многумина го нарекуваат активист, а не класичен рапер. Во својата богата биографија го запиша и дуетот „England Lost“ со фронтменот на „Стоунси“, Мик Џегер, додека Дрејк, негов голем пријател и почитувач, често знае преку своите текстови да му оддаде признание на лондонскиот ем-си.

Влијателниот хип-хоп магазин „Икс-Икс-Ел“ го прогласи Дизајнер за нова хип-хоп ѕвезда на ’бруцошката’ листа „Freshman Class“ за 2016 година, а само неколку месеци подоцна музичарот го објави мегахитот „Panda“ и го собра трофејот „Билборд“за најдобра рап-песна! Го забележа и Канје Вест, кој со својата издавачка куќа „G.O.O.D. Music“ се потпиша зад неговите нови синглови „Soul“ и „Earned It“. Се нижеа и други милионски нумери, како „Tiimmy Turner“ и „Liife“, на која се наоѓа и трап-легендата Гучи Мејн (Gucci Mane).

Доказот дека Манчестер не е град само на брит-поп музиката доаѓа во обликот на младата уметница Ај-Ем-Ди-Ди-Би (IAMDDB), чиј псевдоним е кратенка за „I Am Diana Debrito“ (Јас сум Дајана Дебрито), која себеси се нарекува „дете на трап и џез-музиката“. Оваа бестрашна дама се позиционираше на високото трето место на листата „Звукот на 2018“ на „Би-Би-Си“, а нејзиното име се најде и на престижната листа на највлијателни 30 млади европејци кои имаат помалку од 30 години според „Форбс“.

Ги снемува влезниците со 55% попуст – наскоро нови цени!
Сè побргу исчезнува серијата на ЕГЗИТ-влезници по цена од 3.580 денари, која продолжува да носи високи заштеди од 55% во однос на финалната цена! Актуелната цена на влезниците за првиот фестивалски ден, кога настапуваат „Д Кјур“, сега изнесува 1.800 денари за партер и 3.580 денари за ФАН ПИТ. Моменталната цена на ГОЛД ВИП влезниците за првата ноќ е 6.515 денари. Влезниците за ЕГЗИТ можат да се набават преку МкТикетс во македонија, официјалната страница exitfest.org, а на сајтот на официјалната туристичка агенција на фестивалот EXIT Trip, во продажба се и туристичките пакети кои опфаќаат влезница, сместување и превоз.



Врати се горе ↑