3 октомври, 2016

Хип-хоп дуото „Ексцес“ ја претстави новата, урбана „Клеопатра“

Скопското хип-хоп дуо „Ексцес“ , составено од Андреј Трајковски – Тракер и Јовица Трајковски – Јоцифер, деновиве го претстави својот нов видео запис за песната насловена „Клеопатра“, која е авторско дело на момците од групата, а аудио продукцијата е на „Урбан рекордс“.

Видео продукцијата е дело на „Гнасни деца“, монтажата ја направи Гордан Божиновски, а сценариото е на Васко Мирчевски. Покрај момците од групата, свои улоги во спотот имаат и танчерите Борис Тасковски и Мартин Атанасовски, како и моделите Ана-Марија Младеновска и Омер Шуловски. Како изгледа и звучи новата, урбана „Клеопатра“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑